СОБРАНИ МОМЕНТИ - Ана Ивановска
- komshiloook
- Aug 17, 2024
- 1 min read
Ова дело претставува просторна инсталација со геометриска композиција од тегли исполнети со „ready made“ предмети. Во тегли со различни големини, се зачувани сите негувани спомени од детството на Ана предизвикувајќи ја радоста на заедничкиот живот во соседството. 📁🪀
На светлечкото тело во средината е поставена фотографија од автопортрет, а на капачињата од теглите се наоѓаат фотографии од маалскиот живот кои таа го памети, потсетник дека секој момент е скапоцен и минлив. 🎲Тоа се моменти на детски игри, насмевки, лудории, бељи, патувања - моменти што ги прегрнав, моменти што ги пуштив, моменти што ги сакав и моменти што ме натераа да се смеам гласно. 🛴
Ова дело беше изложено во гаражата на Трајко Чекоров, инженер кој својот живот го посвети својот на изнаоѓање подобри решенија за одржливо живеење. Неговото наследство се уште живее во заедницата за која тој длабоко се грижеше. Благодарност до семејството за просторот.
На фотографијата е авторката на делото Ана и нејзиниот син Андреј. 📷
Comments