top of page

MAINSTREAM - Христина Зафировска

На Коце Металец 1 во Железара имавме задоволство да ги прикажеме делатa на @hzafirovska. 🖼️



Делата под наслов „Mainstream" ја рефлектираат идејата која во својата основа ја содржи психолошката состојба на денешниот (урбан) човек 🏙️ и ги претставуваат неговите психолошки состојби како грч, болка, среќа, гордост, суета и секако, односите кои произлегуваат од меѓусебната (конфликтна) интеракција на субјектите во „кошницата“. 💬🗨️




„Mainstream“ има променливи димензии и е акрил на медијапан.



Делото на Христина ги опфаќа често хаотичните и конфликтни внатрешни состојби на современите урбани жители. Преку нејзината динамична употреба на бојата и формата, таа ја прикажува психолошката напнатост и емотивниот спектар што ги доживуваат поединците во раздвижената градска средина. Нејзините дела предизвикуваат длабоко размислување за човечката состојба и 🟢 општествените притисоци кои ги обликуваат нашите искуства.



Благодарност до станарите на Коце Металец 1Ѓ. 🙏



На фотографијата авторката на делото при подготовка на изложбата. 📷



0 views0 comments

Comentarios


bottom of page