top of page

ЗАБОРАВЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ - МАЈА КИРОВСКА

„Заборавените предмети“ е продолжение на претходното дело на @majakirovska „Изгубени предмети“ и ги документира предметите што случајно се пронајдени на јавни места преку фотографија. 📷Ова парче е создадено при посетата на станбениот комплекс на Коце Металец 1 во населбата Железара во Скопје, специјално за оваа изложба. ✨



Предметот случајно најден во јавен простор го привлекува вниманието на оној кој го наоѓа, а притоа поттикнува размислување за тоа на кого му припаѓал, како се нашол таму, колку време стои на тоа место и тн. 📍Во неговите мисли се развива приказна поттикната од неговото љубопитство, фантазија, но и логично размислување и поврзување на фактите согледани на тоа место. За разлика од изгубените предмети кои Маја ги пронаоѓа случајно на различни улици во Скопје и ги документира со фотографија без да ги помести, и кои очигледно биле изгубени, предметите фотографирани на ул. Коце Металец 1 се оставени и заборавени подолго време. 👀



Во соработка со арх. Вера Милосавлевска-Кировска ✍️изработија мапа на просторот според фотографиите од просторот обезбедени од нас, достапните фотографии на Google Maps и страницата на Агенцијата за Катастар. 🗺️Потoa со редни броеви таа ги има означено точките на кои се фотографирани предметите. Предметите се прикажани на фотографии означени со соодветен реден број. 🔢



Преку ова обмислено истражување, Маја нè поканува да размислиме за приказните зад овие заборавени предмети и нивното значење во нашиот урбан пејзаж. 💬 Нејзината работа не само што ги документира овие предмети, туку и нè поврзува со невидливите наративи на нашата заедница.



0 views0 comments

コメント


bottom of page