Во автобус 16ка беше прикажана уникатната театарска претстава „Бура и Продор“ во режија на @begovskatea ✨
Автобус. Патници. Еден телефон. ☎️Актери/патници кои го чекаат нивниот повик. Додека чека, тие се соочуваат со сопствените бури, откривајќи лични и општествени бури преку спој на драма и комедија, сето тоа оживеано со експресивно движење.
Режија: Теа Беговска 🎦
Улоги: Илин Јовановски @ilin_jo_ , Дениз Рустеми, Бојан Лазаров @boyan_l , Тодор Стојковски @todorinna, Деан Ибрахим @dinlavey . 🎬
Овој перформанс навлезе во човечки бури, лични и социјални, прикажани низ различни драматични и комични ситуации, со силен акцент на изразувањето преку движење. 👥
Автобусот сообраќаше од Зелен пазар, следејќи ја рутата на автобусот број 16, до Железара, каде што патниците се вклучија во богатата програма на нашиот фестивал. 🎨🎭
Низ борбата со егото, но и со сопствените граници – до каде ќе одам за да постигнем нешто, „Бура и продор“ беше прекрасно патување внатре во нас. 🙆 Но исто така се нагласува и прашањето на тоа колку сме силни заедно, колку можеме заедно и колку фер играта е важна за успех.⚡️
Comentarios