Перформанси
Подолу погледнете кои перформанси ќе се изведуваат на НИВО 2 и во кои период од денот!
Музички перформанс Алембик
18:45 - 19:00 и 21:15 - 21:30
Уживај во звуците на Виктор Танасковски (гитара, вокал) и Ива Дамјановски (теремин, клавијатура, вокал) кои истражуваат разновидни музички пејзажи со спојување и повторно измислување музички жанрови преку експериментална продукција.
Театарска престава „Бетон, цигла и арматура”
19:00 - 19:15 и 21:30 - 21:45
Овој мал сценски фрагмент ги истражува врските формирани помеѓу луѓето кои го делат истиот бетон, арматура и тули - истиот паркинг, влез и детско игралиште. Преку разиграни интеракции и дијалог што предизвикува размислување, ќе навлеземе во предрасудите, новите форми на заедница во соседството и односот помеѓу јавниот и приватниот простор.
Постојани поставки
Подолу погледнете кои уметнички дела се поставени на НИВО 2 и во кои период од денот!
Просторна инсталација
Мила Добревска
Во нејзината серија „Ткаени сеќавања“, Мила создава текстилни дела - конкретно теписи - кои прикажуваат секојдневни луѓе. Овие дела го слават современиот македонски живот, доловувајќи ги неговите привилегии, општествени предизвици и интроспективни нијанси. Преку нејзините текстилни креации, таа ја продолжува богатата традиција на македонската текстилна уметност, отсликувајќи го културното наследство кое се пренесува низ генерации.
Не пропуштајте ја шансата да го доживеете уникатниот спој на традицијата и современата уметност во прекрасните дела на Мила!
Просторна инсталација Христина Зафировска
Откријте го „Мainstream“ од серија на акрили на медијапан кои навлегува во психолошките состојби на модерниот урбан живот, доловувајќи емоции како грч, болка, среќа, гордост и суета. Овие дела ги истражуваат и односите кои произлегуваат од конфликтите и интеракциите во општеството.
Уметничката практика на Христина опфаќа различни медиуми, вклучувајќи сликарство, графички дизајн, ѕидно сликарство, инсталација, сценографија, цртеж, фотографија и видео.